Се разведува Даниел Кајмакоски

По три години брак, се разведува пејачот Даниел Кајмакоски. Тој и неговата сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, веќе не живеат заедно, потврдија за „Репортер“ нивни пријатели. Тие велат и дека Даниел ги избришал сликите со Кристина од неговиот инстаграм-профил. Екипата на „Репортер“ го побара Кајмакоски за изјава, но до овој момент не добивме одговор од него. Даниел и Кристина го имаат двегодишниот син Давид.

Кајмакоски се прослави со учеството и победата во музичкото шоу „Х-фактор“. Уште тогаш велеше дека најголема желба му е да се ожени и да стане татко. Даниел во 2015 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена, Австрија. Откако се ожени, тој се повлече од музичката сцена.

(Фото) Даниел Кајмакоски жонглира со синот  

 

 

Текстот Се разведува Даниел Кајмакоски е превземен од Reporter.mk.