Се разведува познатиот турски актер, му пропадна и вториот брак

Турскиот актер Озџан Дениз неодамна се отсели од семејниот дом, а причината за тоа беше неговата втора сопруга, која како што пишуваа турските медиуми, премногу трошела пари.

Сепак, Озџан потоа се огласи на својот профил на Инстграм и покажа дека повторно е во љубов со 20 години помладата манекенка Фејза Актан.

-Дали е се доволно јасно?! – напиша тогаш актерот за фотографијата на која се заедно со неговата сопруга.

Но, сепак деновиве во турските медиуми се појави веста дека Озџан и Дениз сепак ставиле крај на бракот. Вчера беше потврдено дека тие и судски се развеле по 15 месеци брак. Но, не бил проблемот во трошњето на при, туку актерот ја изнаверувал сопругата која го фатила како се допишувал со други жени. Озџан во бракот со младата манекенка доби син.

 

Текстот Се разведува познатиот турски актер, му пропадна и вториот брак е превземен од Reporter.mk.