Глумецот Иан Зеринг по девет години брак се разведува од сопругата Ерин. Популарниот Стив од серијата „Беверли Хилс“, веста за разводот ја сподели на „Инстаграм“.
„Со тешко срце морам да ви кажам дека Ерин и јас се разделуваме. Зафатени со многу работа, и различни распореди, со текот на годините се оддалечивме еден од друг. Таа е најневеројатната жена што сум ја запознал и најдобра мајка на нашите деца“, напиша глумецот.
Тој додаде и дека медиумите изминатите недели пишувале невистини за нивниот брак и дека е лага дека Ерин го изневерила. „Ќе ве замолам да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време за да се фокусираме на тоа што е важно, а тоа се нашите ќерки“, напиша 55-годишниот глумец.
Иан и Ерин (39) се венчаа во 2010 година и имаат две ќерки, Миа и Пена.
Текстот Се разведува Стив од „Бреверли Хилс“ е превземен од Reporter.mk.