Се самоуби српскиот ракометен репрезентaтивец Бошковиќ

Ракометниот репрезентативец на Србија Новак Бошковиќ (29) извршил самоубиство во својот дом, пишува српски „Блиц“. Се самоубил пред неговата сопруга.

Бошковиќ, кој настапуваше за Србија на Европското првенство во 2016 година, а последен пат играше за романски Динамо Букурешт, си пукал во главата со пиштол што го поседувал легално, гласат неофицијалните информации од Србија.

Мотивот за самоубиство засега не е познат. Десниот бек сезоната 2017/18 ја мина во Романија, а претходно настапуваше во Израел, Унгарија и Словенија.

Текстот Се самоуби српскиот ракометен репрезентaтивец Бошковиќ е превземен од Reporter.mk.