Рик Генест, моделот чие цело тело е покриено со тетоважи, почина во средата на 32-годишна возраст. Момчето кое доаѓа од Канада, познато под уметничкото име „Зомби бој“, се прослави во 2011 година во музичкиот спот на Лејди Гага, Born This Way.
The suicide of friend Rick Genest, Zombie Boy is beyond devastating. We have to work harder to change the culture, bring Mental Health to the forefront and erase the stigma that we can’t talk about it. If you are suffering, call a friend or family today. We must save each other. pic.twitter.com/THz6x5JlpB
— Lady Gaga (@ladygaga) August 3, 2018
Неговото тело било пронајдено утринава во неговиот стан во Монтреал, Канада. Лејди Гага, со која бил пријател, во својата објава на „Твитер“ открива дека Рик извршил самоубиство.
„Мораме многу посилно да работиме на тоа да се промени менталното здравје и да им се помогне на луѓето кои имаат проблеми. Ако сте депресивни, повикајте ги членовите на семејството и пријателите уште денес. Мораме да се чуваме едни со други“, порачала Лејди Гага.
Рик на 7 август требало да наполни 33 години. Својата прва тетоважа ја направил на 16 години, а до својата 19. година веќе целото тело му било покриено со тетоважи. Кога имал 15 години отстранет му е тумор од мозокот. Тогаш помислил дека ќе умре, а по тоа, како што изјавил, се заљубил во зомби и сакал да стане еден од нив.
„Претпоставувам дека болеста во младоста ме поттикна да ме привлекува сè што е морбидно. Тогаш сфатив дека животот е прекраток за да не ги исполнам своите соништа за тетоважите“, изјавил Рик.
Со Лејди Гага почнал да се дружи откако нејзиниот стилист Никола Формичети го открил на социјалните мрежи. Тој го повикал да соработуваат. Потоа снимил голем број модни кампањи за познати брендови.
Science tells us that it takes 21 days to form a habit, if you are suffering from Mental Health issue I beckon for today to be your first day or a continuation of the work you’ve been doing. Reach out if you’re in pain, and if you know someone who is, reach out to them too. pic.twitter.com/4pVR5xyoH6
— Lady Gaga (@ladygaga) August 3, 2018
Се појавил на модни ревии во Париз и ја красел насловната на списанието „Вог“. Се појавил и во бројни серијали и филмови, а меѓу другите и во „47 Ронин“ и „Немиот сведок“.
Надимакот „Зомби бој“ му го дале пријателите, а поради тетоважите тој се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди. На телото има истетовирано 176 инсекти.
Текстот Се самоуби „Зомби бој“ е превземен од Reporter.mk.