Холивудските глумци Хоакин Феникс и Руни Мара се свршија по тригодишна врска. Феникс (44) и десет години помладата Мара првпат се појавија заедно на Канскиот филмски фестивал во 2017 година, но врската ја криеја од јавноста. Тие се запознаа во 2013 година за време на снимањето на филмот „Таа“, а потоа играа заедно и во „Марија Магдалена“ во 2018.
Американските медиуми пишуваат дека новиот Џокер и ѕвездата на „Девојката со тетоважа на змеј“ се свршиле уште во мај, кога глумицата беше видена со голем прстен на раката. Ни Феникс ни Мара досега не биле во брак.
Текстот Се сврши глумецот Хоакин Феникс е превземен од Reporter.mk.