Ракометарката Сања Дамњановиќ, која играше за Вардар, се омажи за ракометарот Стеван Вујовиќ, кој исто така двапати беше играч во тимот на Вардар. Ракометарката Сања е во шестиот месец од бременоста и двојката наскоро го очекува своето прво дете.
Младенците споделија неколку фотографии на своите инстаграм-профили. Сања беше член на Вардар од 2015 до 2017 година, додека Стеван Вујовиќ играше за истиот клуб од 2007 до 2009 година, а потоа и во сезоната 2011/2012.
Дамњановиќ во последната сезона го носеше дресот на Шиофок. Поради бременоста, таа ќе паузира оваа сезона. Вујовиќ, пак, веќе втора сезона е дел од тимот на Доброгеа Суд Констанца каде што настапуваат и нашите Митревски и Маркоски, а тренер е Звонко Шундовски.
Текстот Се венчаа ракометарите на Вардар, Сања Дамњановиќ и Стеван Вујовиќ е превземен од Reporter.mk.