Се вери таткото на Дејвид Бекам

Таткото на поранешниот популарен фудбалер Дејвид Бекам, Тед, се вери на 72 години. Тој објави дека дал збор со неговата свршеница Хилари Мердих, која ја запознал минатата година додека работел со ветераните од војската.

„Додека во светот се случуваат некои поважни работи, драго ми е што можеме да објавиме дека сме среќни верени. Чувајте се“, стои во заедничката објава на Тед и Хилари.

Тед со неговата поранешна сопруга, мајката на Дејвид, се разведоа во 2002 година. Двајцата беа 33 години во брак. Фудбалерот вели дека никогаш не го поднел добро разводот на родителите, но е среќен што останале во добри односи. Самиот тој во една прилика кажал дека родителите биле строги кон него, и дека го одгледале исто како што тој ги гледа сега неговите.

„Децата секогаш сакаат да го поминат времето со нас, а ние многу работиме и мислиме дека тоа е исправниот начин како децата треба да се воспитуваат. Сакаме да им покажеме дека за успех потребно е напорно да се работи. Свесн сме дека сме популарни и се обидуваме на децата сепак да им овозможиме обичен живот“, изјавил Бекам.

 

Текстот Се вери таткото на Дејвид Бекам е превземен од Reporter.mk.