Се враќа фестивалот„Мел-фест“, кој едно време беше многу популарен кај нас. Елена Петреска, Андријана Јаневска, Симона Попоска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојаноски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска се само дел од пејачите кои ќе настапат на гала-вечерта во четврток, на 22 ноември, во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 20.30 часот, а гостинка на вечерта ќе биде и популарната српска пејачка Јелена Томашевиќ.
После фестивалот, односно неговата гала-вечер, ќе има и изложба на фотографии како ретроспектива на ’Мел-фест’. Водителка на гала-вечерта ќе биде Лила Стојановска.
Текстот Се враќа фестивалот„Мел-фест“ со познати музички имиња е превземен од Reporter.mk.