Братот на српскиот глумец Милош Биковиќ, игуменот Михаило, неодамна откри дека раѓањето на неговиот помал брат го натерало да се замонаши. Михаило, кој е 16 години постар од Милош, е старешина на манастирот Јованија, но го привлекува вниманието на јавноста поради популарноста на неговиот помал брат.
„Раѓањето на брат ми го доживеав како нешто свето и првпат во животот ми беше јасно чувството дека родителите се подготвени да го дадат животот за своето дете. Со раѓањето на Милош во мене се роди потреба сè што имам да му пружам нему и да го штитам тоа мало суштество. Кога нашата мајка имаше дилема дали да роди, ѝ реков: ‘Секако дека ќе го родиш, јас ќе го чувам додека е мал, а кога ќе порасне и јас ќе бидам стар, тој ќе ме штити мене“, рекол отец Михаило.
Михаило и Милош се многу блиски. Популарниот глумец, кој ретко зборува за семејството и приватниот живот, вели дека неговиот постар брат му е најголемата поддршка во животот.
„Ми недостасува брат ми често, многу често. Но во сè мора да постои жртва поради еден повисока цел. А таа висока цел е сите да добиеме едно добро кое ќе ги оплемени нашите души“, додал игуменот Михаило.
Текстот Се замонашив поради Милош, братот на Биковиќ прозборе за семејната тајна е превземен од Reporter.mk.