Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца, и неговата свршеница Бодана Родиќ ќе се венчаат во јуни во Белград. Ова го потврдил и таткото на Богдана, а српските медиуми ја пренесоа веста.
„Бев со Цеца пред половина месец, а потоа го сретнав целото нејзино семејство. Цеца е природна, нормална жена и ние сме навистина воодушевени од тоа колку е нормална и културна. Разговаравме за свадбата и таа треба да биде следната година, но тие сé уште не го кажаа точниот датум, освен дека треба да е во јуни“, изјави таткото на Богдана за српски „Телеграф“.
Текстот Се жени синот на Цеца, свадбата во јуни е превземен од Reporter.mk.