Уметницата Александра Грант (46) го привлече вниманието на светската јавност и заради врската со Кијану Ривс, но и заради седата коса што прави таа да изгледа постара отколку што е. И додека едни ја критикуваа за изгледот, други ја пофалија нејзината храброст да биде природна.
Откако во медуимите се појави вест дека боите за коса и хемиските препарати за јакнење на влакното го зголемуваат ризикот од рак на дојката, Александра објави фотографија на „Инстаграм“ и откри зошто не ја бојадисува косата.
„Ракот на дојката е поврзан со трајните бои за коса и хемиските средства за исправување на косата. Тоа го потврдија истражувањата на скоро 50.000 жени. Леле, какви вести… Бројките се застрашувачки, посебно кога се работи за боењето на косата. Косата ми обеле прерано, во 20-тите. И ја боев во секоја боја додека повеќе не можев да ја издржам токсичноста на фарбите. Во моите 30-ти години ја оставив косата да ‘руса’, да стане седа. Ја сакам и поддржувам секоја жена која може да одбере како сака да изгледа на било која возраст. Но, ако жената се разболува или пропаѓа поради стандардите за убавина кои ѝ се наметнуваат, тогаш ајде да разговараме за тие стандарди. Љубов до сите жени!“, напиша Александра.
За потсетување, Александра и Киану се запознале 2009 година, а во 2011 почнале да соработуваат за илусттрациите на неговата прва книга Ode to Happiness. Таа ја илустрирала и неговата книга Shadows што се појави во 2015 година. Двојката долго се криеше од јавноста, а првпат се појавија заедно минатиот месец на Гала вечер во Лос Анџелес.
Текстот „Седа сум од 20-та година“ – Девојката на Кијану Ривс откри зошто не ја бојадисува косата е превземен од Reporter.mk.