Принцот Хари и Меган Маркл
Принцот Хари неодамна открил дека во истиот момент кога ја погледнал Меган Маркл знаел дека е љубовта на неговиот живот. На прашањето кога открил дека сака Меган да биде негова сопруга, Хари низ насмевка како од пушка одговорил веднаш откако ја запознал.
Метју Меконахи и Камила Алвес
Иако често се говорело дека е среќен слободен, работите во животот на славниот актер се промениле од корен во моментот кога ја сретнал бразилската убавица.
„Ја забележав нејзината силуета кога мина неколку метри крај мене. Го подигнав погледот кон неа и во тој момент изговорив ‘Што е тоа?!’ Во главата ми се вртеа мисли за тоа како да ѝ се приближам и на крајот собрав храброст“, раскажал актерот кој по првата средба сфатил дека станува збор за личност со која сакал да го мине остатокот од животот.
Мет Дејмон и Лусијана Барозо
Веќе на првата средба на познатата двојка се навестувало дека нивната љубовна приказна ќе заврши со брак.
„Ја здогледав како шета низ просторијата, а од неа како да изби некаква светлина. Знаев дека морам да почнам разговор со неа“, изјавил актерот за својата сопруга, која тогаш работела како шанкер во бар.
Џорџ и Амал Клуни
„Веднаш откако ја запознав, знаев дека е суперизвонредна!“, изјавил Клуни за адвокатката со која се оженил во 2014 година.
„Се прашував дали некогаш ќе бидам во можност да излезам со неа. Бевме пријатели некое време, но ,за среќа, таа рече да“, изјавил Џорџ Клуни.
Дејвид и Викторија Бекам
Прославениот фудбалер Дејвид Бекам знаел дека пејачката Викторија е љубовта на неговиот живот уште пред да ја запознае. Гледајќи го видеоспотот на прочуената членка од „Спајс грлс“ на телевизија, Бекам на свој близок пријател му рекол: „Ја гледаш девојката во црн краток фустан? Ќе ја оженам!“
Славната дизајнерка ги потврдила наводите на својот сопруг.
„Тоа навистина беше љубов на прв поглед. Ми рече дека кога сме се запознале го имал запишано мојот телефонски број на различни места. Во случај да го изгуби“, изјавила Викторија.
Жизел Будшен и Том Брејди
„Истиот момент бев сигурна дека Том е вистинскиот! Во неговите очи сега можев да видам човек кој верува во истите работи како и јас“, изјавила Жизел за британските медиуми пред неколку години.
Џесика Алба и Кеш Ворен
Славната актерка била фасцинирана уште од самиот почеток од својот сегашен сопруг. Своите чувства Алба никогаш не ги криела од јавноста.
„Го запознав и веднаш имав чувство дека го познавам целиот мој живот. Веднаш знаев дека со него ќе го минам остатокот од мојот живот!“, раскажа актерката за „Космополитен“ во 2010 година.