Секс аферата на Карлеуша стана проблем и во „Ѕвездите на Гранд“

По секс аферата со српската пејачка Јелена Карлеуша, се јави и Саша Поповиќ , директорот на „Гранд“ , кој вели дека ја чека Карлеуша да се врати од Кина за да ја сними новата емисија. Денес пред медиумите за состојбата во која се најде Јелена, која е член на жирито, се обрати прес службата на Гранд продукција.

“Бидејќи не престанува јавниот линч врз Јелена Карлеуша која е наша колешка и е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ имаме обврска да се обратиме кон јавноста.Тортурата која ја преживува таа ја сметаме како сериозна навреда за сите жени-мајки, сопруги, ќерки поготово ако се земе во предвид дека станува збор за напад врз целото семејство. Како член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а со тоа дел од нашата продукција и воедно наш пријател целосно ги поддржуваме нејзните напори од оваа борба да излезе како победник“, пишува во соопштението на Гранд.

Медиумите пишуваат дека пејачката денес ќе се врати од Кина за да ги реализира своите обврски кон Гранд.

Текстот Секс аферата на Карлеуша стана проблем и во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.