Секси Македонец глуми во познатите холивудски серии

Актерот и модел Џорџ Алан (45) e роден во Детроит, Мичиген, но неговите родители се од Македонија. Тие одамна се преселиле во Америка, но не заборавиле на своите корени, а особено за својата татковина се интересирал Џорџ. Алан е познат модел и актер.

 

Иако има 45 години, се уште важи за еден од најфотогеничните машки модели. Од актерската кариера најпознати се неговите епизодни улоги во „Lost”, „Criminal Minds”, „24“, „Friends“, „Castle“, „Entourage“, „Charmed“, a моментално кај нас е актуелен со серијата која се дава на „Фокс“ каналот- „Grandfathered” каде што го глуми двојникот на Џон Стамос.

 

На 16 години додека шетал во еден трговски центар, бил забележан од еден моден агент па почнал да се занимава со модеа. Почнува да работи во Мајами, Њујорк, Милано, Азија, Чикаго, Париз. Покрај моделството, работи и како фотограф за списанието „Елите“ и за неколку модни агенции. Џорџ моментално е фокусиран на својот филм кој го режира, „My big fat fake Hollywood life”, комедија чија премиера се очекува кон крајот на 2017 година.

Покрај тоа што е режисер, Алан ќе има и главна улога во филмот. Комедијата ја одбрал бидејќи сака да се шегува на своја сметка. Актерот со македонско потекло вели дека никогаш нема да му прости на Оливер Стоун што во филмот за Александар Македонски, режисерот го престави големиот војсководец како момче со руса коса.

Текстот Секси Македонец глуми во познатите холивудски серии е превземен од Reporter.mk.