Сексулната ориентација направи проблем во Холивуд

Имено, Холивуд веќе подолго време е на удар на критики, бидејќи улогите на геј лица им се доделуваат на хетеросексуалните глумци.

Во јули оваа година глумицата Скарлет Јохансон се откажа од својата улога на трансродово лице во филмот “Rub and Tug” откако трансродовите глумци се побуниле поради дискриминација.

Активистите тогаш јасно кажале дека главната улога треба да му биде доделена на трансродово лице, а трансродовите глумици сметаат дека станува збор за своевидна дискриминација.

Меѓутоа, австралиската глумица Кејт Бланшеј не се согласува со нивното мислење и со ставот по кој глумецот или глумицата можат добро да ја одиграат улогата на геј личност само доколку исклучително имале такво лично искуство.

Бланшеј глумеше лезбејка во 2015 година во филмот “Carol”.

“Ќе се борам против тоа мислење, така што и понатаму ќе ги прифаќам и ќе ги играм сите улоги”, рекла глумицата која моментално гостува на Римскиот филмски фестивал.

 

Според ставот на Холивуд посебно критичен беше и британскиот глумец Сер Иан Мекелен. Своевремено укажа на тоа дека ниту еден глумец или глумица кои отворено се декларирале како геј личности не освоиле Оскар за најдобра главна улога, за разлика од хетеросексуалните личности кои се наградени за геј улоги.

Примери за тоа се Том Хенкс за улогата “Philadelphia” и Шон Пен за улогата во филмот “Milk”.

Текстот Сексулната ориентација направи проблем во Холивуд е превземен од Reporter.mk.