Селена Гомез е во врска со Зак Ефрон

Американската актерка и пејачка Селена Гомез е во врска нејзиниот колега Зак Ефрон, пишуваат американските медиуми. Веста за нивната љубовна романса ја обелодени таблоидот Radaronline, повикувајќи се на изјави од нивни блиски пријатели. Таблоидот пишува дека позната двојка веќе подолг период е заедно.

Постои голема привлечност меѓу овие две дизни-ѕвезди. Во јавноста постојано можат да се забележат заедно, но сепак постои голема загриженост кај голем број нивни заеднички пријатели. Многумина сметаат дека нивната врска е рецепт за катастрофа, но супер организираниот живот е тоа што им помага да останат заедно.

Гомез и Ефрон пред неколку години соработувале заедно на филмот Neighbords 2, каде Селена имала добиено помала улога. Извори од сетот велат дека уште во тој период двајцата одлично се согласувале.

Зак почнал да ја следи Селена на Инстаграм пред месец дена. Ваквиот негов потег го привлекол вниманието кај фановите, но пејачката не му возвратила со иста мера. На социјалните мрежи често можат да се забележат фотографии од двете ѕвезди направени од папараците.

 

 

Текстот Селена Гомез е во врска со Зак Ефрон е превземен од Reporter.mk.