Поп-пејачката Селена Гомез официјално најде купувач за нејзиниот дом во Тексас. Конечната цена на продадениот имот нема да се знае се додека договорот не се затвори.
Според пишувањата на американските таблоиди, досега пејачката морала да ја намали цената за 800.000 долари.
Првично имотот на Селена во 2016 година бил проценет на 3,5 милиони долари. Куќата има пет спални, кино со седишта за осум лица, играчници и базен. На имотот од 1,56 акри, има и тениско игралиште.
Селена домот го купи во 2015 година.
Текстот Селена Гомез најде купувач за својот дом во Тексас е превземен од Reporter.mk.