Една од најпознатите ѕвезди во поп-историјата Селин Дион на 5 јуни слдната годна ќе настапи во Арена Загреб, како дел од светската турнеја на која таа го промовира новиот студиски албум Courage. Турнејата почна на 18 месецов во Квебек, Канада, а ќе опфати вкупно 100 градови ширум светот.
Пејачката во европскиот дел од турнејата, на 23 мај 2020 ќе настапи во Лоџ, Полска, па потоа во Велика Британија, Германија, Белгија, Швајцарија, Холандија, Австрија, Франција, Италија, Финска, Шведска, Данска, а по Хрватска, ќе ги посети и Малта и Кипар, соопштија хрватските организатори.
Албумот Courage во некои делови од светот ќе биде достапен од 15 ноември 2019.
Текстот Селин Дион доаѓа во Хрватска е превземен од Reporter.mk.