Пејачката Селин Дион (50) е во врска со актерот Расел Кроу, пишува „Холивуд лајф“.
Дион, која пред две години го загуби сопругот Рене Анжели, кој почина од рак, ја пронајде својата нова љубов, пишува таблоидот.
Расел е голем љубител на музиката на Дион, а како што пишуваат светските магазини, пејачката веќе некое време му била симпатија.
Двајцата минаа низ тежок емотивен период и си даваа меѓусебна поддршка. Расел неодамна се разведе од поранешната сопруга Даниела Спенсер, а Дион само две години по загубата на сопругот Рене, го загуби и својот брат. Засега и двајцата молчат за нивната врска.
Текстот Селин Дион во врска со Расел Кроу е превземен од Reporter.mk.