Сем Смит: Не сум ни маж ни жена

Британскиот пејач Сем Смит за себе вели дека не е ниту маж ни жена. Тој не сака да го дефинира полот, оти расположението и тоа како се чувствува во однос на себе, често му се менуваат. 26-годишниот пејач ова го изјави во интервју кај Џамила Џемил, водителка на едно од најпопуларните британски интернет-шоуа.

„Јас сум само јас… јас сум моја сопствена крација. Не сум ни маж ни жена. Мислам дека лебдам некаде измеѓу. И ми се допаѓа што сум ваков“, рекол Смит.

Пејачот додал и дека неколку пати размислувал за промена на полот, ама дека се откажувал од идејата, оти не бил сигурен дека тоа е вистинското решение.

„Што ако го сменам полот, а потоа не ми се допадне? Мислам дека нема да има враќање назад. Но, уште е рано, можеби еден ден ќе се решам и за таков чекор“, додал тој.

 

Текстот Сем Смит: Не сум ни маж ни жена е превземен од Reporter.mk.