Семејствата на пејачката Мајли Сајрус и глумецот Лиам Хемсфорт, не сакаат тие да се разведат, пренесува магазинот „Е!“. Според извор близок на семејството на Мајли, одлуката за развод е избрзана и тие треба да си дадат уште една шанса пред да ги поднесат документите за развод. Сличен став имале и родителите на Лиам, кои сметаат дека бракот е тежок, но дека никој не треба да се откаже веднаш по првиот поголем проблем.
За потсетување, Лиам и Мајли пред една недела открија дека се разделија по неполни осум месеци брак. Тие се запознаа на снимањето на филмот „Последната песна“ во 2010 година. Врската ја почнаа на снимањето на филмот, но неколку години потоа се разделија. Пред околу три години повторно се смирија, а се венчаа лани на Божик во нивниот дом во Малибу. На венчавката тогаш присуствуваа само нивните семејства.
Откако се разделија, во медиумите се појавија слики на кои Мајли се бакнува со Кетлин Картер, со која е наводно во врска, па според многумина, тоа е причината за разделбата со Лиам. Инаку, не е тајна дека Мајли е бисексуалка и дека имала неколку врски со жени за кои се знае во јавноста.
(Фото) Мајли Сајрус се бакнува со девојката,затоа и се разведе по 8 месеци брак
Текстот Семејствата на Мајли и Лиам не сакаат тие да се разведат е превземен од Reporter.mk.