Семејството Ковачевски од Битола денес донираше сретства во Клиничката болница Битола. Тие целосно го реновираа машкиот оддел на хирургија и тоа целата санитарија, водовод, обезбедија комплетна опрема за сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, телевизиори, постелнина, реновирана е и работната соба, гардеробите за вработените,реновирани се ходниците.
„Голема благодарност од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на Хируршкото одделение како и благодарност од сите вработени за подобрите услови за работа. Менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка болница- Битола раководена од директорот Др.Зоран Лазаров на семејството Ковачевски им додели благодарница. Се надеваме дека по примерот на семејството Ковачевски за Битола ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани“, рече Сузана Конеска, портпарол на Битолската клиничка болница.
Текстот Семејството Ковачевски го реновираше машкиот оддел на хирургија во болницата во Битола е превземен од Reporter.mk.