Семејството на починатиот пејач Оливер Драгојевиќ упати порака во јавноста до сите оние кои сакаат на еден или друг начин да заработат од името на легендарната хрватска музичка ѕвезда.
„Семејството на Оливер Драгојевиќ се обраќа во јавноста до сите оние кои во негова чест сакаат да организираат каков било настан или неговото име и уметничко богатство да го користат за свои или потребите на своите компании. Особено сакаме да потенцираме на Законот за заштита на лични податоци, а особено на темелите на Уредбата на Европската Унија, број 2016/679 од Европскиот парламент и совет од 27 април 2016 година, за заштита на поединците во врска со обработката на личните податоци и за слободниот проток на таквите податоци, и дека секое такво неовластено користење и обработка на личните податоци се смета за противправно“, пишува во дел од соопштението што семејството Драгојевиќ го испрати во јавност.
Текстот Семејството на Оливер Драгојевиќ ги предупреди сите кои сакаат да профитираат од неговото име е превземен од Reporter.mk.