Серена Вилијамс е прогласена за спортист на деценијата во изборот на „Скај Спорт“. 38 годишната тенисерка во последната деценија освои 12 Гренд Слем турнири, два златни медали на ОИ во Лондон 2012 година, a победи и на 24 турнири од ВТА листата.
Моментално Серена е деветта на светската ранг листа. На второто место се најде возачот на „мерцедес“ Луис Хамилтон, а трет е напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо. Португалецот освои четири „Златни Топки“, а од 2012 до 2018 година е прогласен за најдобар стрелец во Лигата на шампиони.
Дури четврти е напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, кој за последните десет години освои пет „Златни топки“, постигна 521 гол и имаше и 191 асистенција.
Текстот Серена Вилијамс е спортист на деценијата е превземен од Reporter.mk.