18 месеци откако го даде на продажба нејзиниот дом во Лос Анџелес, тенисерката Серена Вилијамс конечно ја продаде својата куќа за 8,1 милион долари. Таа првично бараше 12 милиони долари, па цената ја намали на 9,995 милиони долари.
Иако куќата ја продаде за помалку од цената што ја бараше, тениската шампионка не е во загуба, бидејќи домот го купи во 2006 година за 6,62 милиони долари.
Агентот за продажба Фред Бернштајн од Агенцијата за недвижности во Вестсејд, не откри кој ја купил куќата од Серена. Куќата изградена во 1935 година се простира на 6,101 квадратен метар на парцела од 2,76 хектари. Има шест спални соби и седум бањи.
Текстот Серена Вилијамс едвај ја продаде куќата во Лос Анџелес е превземен од Reporter.mk.