Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ го погоди смртта на Оливер Драгојевиќ. Трифуновиќ му посвети неколку објави на Инстаграм на пејачот, а објави и нивна заедничка фотографија направена за време на едно нивно дружење во Сплит.
„Ќе останеш запаметен колку беше внимателен и прекрасен таа единствена вечера кога имав чест да настапам со тебе. Ќе останат десетина песни кои се фантастични, потресни, некои дури и прогресивни за таа доба. Се разбира отпеани како што никој никогаш во универзумот не би можел да ги отпее. Тој глас, кој звучи како Стиви Вондер да го доручкувал Том Ветс. Знаеш дека никогаш нема да се појави некој сличен на тебе. Бескрај во тага“, напишал Трифуновиќ.
Актерот објави и снимка на која се слушаат песните на Оливер, а одлучил да се пресмета и со дежурните коментатори кои деновиве главната преокупација била тоа што Оливер не сакал да настапи во Србија.
„Дај повеќе немојте да замарате со тоа. Не сакал да пее во Србија. И Стенли Кјубрик забрани дистрибуција на своите филмови во Србија. И Маркес не дозволи превод на своите дела во Србија. Прошетајте наоколу и зборувајте како и двајцата биле усташи“, напишал Трифуновиќ.
Текстот Сергеј Трифуновиќ: Олабавете со тоа дека Оливер не сакал да пее во Србија е превземен од Reporter.mk.