Српскиот глумец Сергеј Трифуновиќ во петокот вечерта имал сообраќајна незгода на патот меѓу Младеновац и Топола. Тој, според медиумите, изгубил контрола над колата што ја возел и излетал од патот. Во незгодата е повредена 20-годишна девојка која седела на совозачкото место. Таа вреднаш била пренесена во болницата во Младеновац.
По несреќата, Трифуновиќ дал изјава на полицијата. Глумецот не е задржан во притвор, но според српските медиуми, ако се покаже дека возел под дејство на алкохол, тој може да биде приведен заради предизвикување сообраќајна несреќа.
Популарниот глумец веќе неколку години се занимава и со политика. Тој е лидер на Движењето на слободни граѓани.
Текстот Сергеј Трифуновиќ предизвикал сообраќајка, повредена е 20-годишна девојка е превземен од Reporter.mk.