Сестрите Кардашијан, Џенер и Кајли се обвинети за плагијат. Двете наводно го украле чипкаст дизајн од компанијата Klauber Brothers која во последните 160 години работи на производство на чипка. Двете се обвинети дека за своите модни брендови користеле модели на чипки кои им припаѓале на американската компанија.
Од компанијата ги тужеле заради кражба на авторски дела. Двете различни видови чипки наводно се користени на две различни видови за долна облека, а на службената страница на брендот Kendall + Kyli стои дека повеќето чипки се заштитени со авторски права. Американските производители бараат два типа од моделите да бидат повлечени од продажба. Цената во моментов им изнесува девет долари.
„’Клаубер’ е познат по тоа што ги користи најновите механизми за создавање на единствени и креативни модни предмети за да развие нови шари. Важно е да се истакне дека работел на техники кои ја унапредуваат уметноста на изработка на чипка“, стои во службената страница на американската компанија.
Ова не е првпат сестрите да се најдат во правни проблеми, кога е во прашање нивниот бренд. Пред две години на маиците на брендот ставиле фотографии од легендарниот музичар како што е Тупак и Ноториоус Б.И.Г. нешто за што немале дозвола. Набрзо потоа морале да ги повлечат од продажба и да се извиниат на семејствата на почнатите рапери.
Текстот Сестрите Кардашијан повторно на суд поради плагијат е превземен од Reporter.mk.