Ким Кардашјан Вест и нејзината помлада сестра Кајли Џенер се највлијателните личости во светот кога станува збор за модата.
„Лист“ ја објави својата годишна листа на највлијателни ѕвезди меѓу модните инфлуенсерки, а сестрите од кланот Кардашјан-Џенер ги зазедоа првите две места.
Помладата Кајли (21) со 115 милиони следбеници, и повеќе од два милиони пребарувања со нејзиното име оваа година е на тронот. Колкаво е нејзиното влијание најдобро се гледа од случајот кога Кајли се појави во розов фустан на нејзиниот роденден, а потоа во пребарувањата со терминот „розов фустан“ е забележан пораст од 107 проценти во следните 48 часа.
Веднаш зад најмладата Кардашјанка е најпознатата Кардашјанка – Ким. Таа стана првата личност која ја доби наградата инфлуенсер на годината што ја доделува CFDA. Оваа година, Ким ги врати во мода неонските костими за капење и тангите кои се носеа во деведесеттите години, и поради неа велосипедските панталони повторно станаа кул. Таа му помогна на брендот Фенди кога се појави од глава до пети во облека со нивното лого.
Трета на оваа листа е новодојдената војвотка на Сасекс – Меган Маркл. По правило, кога Меган ќе облече парче од некој бренд, следната недела се забележува пораст од 200% во пребарувањата што се однесуваат на тој бренд.
Четвртото место го зазеде раперката Карди Б, и петтото Бијонсе.
Текстот Сестрите од кланот Кардашјан највлијателни ѕвезди во светот е превземен од Reporter.mk.