Хрватската пејачка Северина Којиќ со најновата одлука на Жупанскиот суд во Сплит го изгуби старателството над својот син Александар. Многу е веројатно дека грижата за момчето сега ќе ја преземе неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
Судот ја укина претходната пресуда со која Северина го доби старателството и му наложи на понискиот суд да утврди дали за детето е оптимално решение да живее со својот татко „како флексибилен родител“, со максимално одредени средби и дружење со мајка си.
„Постапката е тајна и поради тоа не сум во можност да коментирам што било. Не сум ја добил пресудата, а од медиумите дознав за пресудата што ја донесе Жупанскиот суд во Сплит. Можам само да кажам дека многу се израдував“, изјави Милан Поповиќ.
Додека не се донесе нова одлука, на сила останува старата од 2014 година, според која Милан и понатаму ќе се гледа со детето секој втор викенд, а од петок до недела секоја втора среда попладне.
Текстот Северина го губи старателството над синот Александар е превземен од Reporter.mk.