Милан Поповиќ поранешниот партнер на хрватската пејачка Северина Којиќ, изјавил дека покренал постапка за одземање на старателството на Северина врз нивниот син Александар затоа што бил уплашен за неговиот живот.
Милан вели дека Александар му се јавил да му каже дека Северина го оставила сам со непознати луѓе.
„Еднаш се случи Северина да замине на пат, а Александар да го остави со непознати луѓе во Србија. Мојот син ми се јави ѝ ми кажа дека се плашел. Ми ги кажа имињата, а јас прв пат имав слушнато за нив. Се уплашив што може да се случи со Александар ѝ покренав постапка, за на Северина ѝ се одземе старателството, додека не се врати од пат, а Александар тоа време го мине со мене“, изјавил Милан Поповиќ за српските медиуми.
„Јас се залагам за приватноста на мојот син, но Северина упорно објавува негови фотографии на социјалните мрежи. Очигледно нема намера да престане. Таа постојано говори дека е горда на Александар ѝ тоа постојано го објавува на социјалните мрежи иако има голем број на предупредувања од експерти, дека тоа е штетно за него. Александар следната година треба да почне да оди во школо. Јас сметам дека треба да оди во приватно школо со ограничен број на деца, додека Северина инсистира поради социјализација, Александар да оди во јавно школо. Според мое мислење, мојот син е изложен на можно исмејување од своите врсници кои знаат да бидат немилосрдни. Јас како татко сакам максимално да го заштитам“, вели српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
Текстот Северина го оставала синот со непознати, а Милан се плашел за неговиот живот е превземен од Reporter.mk.