Хрватската пејачка Северина Којиќ мора итно да оди на операција, поради проблемите со кичмата, пишува „Свет“, пренесува српски Курир.
Пејачката веќе со години има проблеми со грбот, а физиотерапијата на која оди, не ѝ помага многу. Операцијата како што пренесуваат медиумите е се позивесна.
„Северина се обидува да избегне да оди на операција. Затоа со години ги има пробано сите методи на лечење за кои слушнала. Кога првпат и се појавија болките, мисеше дека не е премногу сериозно. Секој има болки ако седи или стои предолго. Но, болките зачестија. Тогаш таа побара помош од најдобрите експерти. Тие и кажаа дека единственото решение е операција“, вели извор близок до пејачката.
„На северина операцијата не ѝ одговараше. Побара неколку мислења, затоа што беше убедена дека може да ја избегне. Разни физиотерапевти и ветуваа подобрување, некои и целосно излекување. Проба сè, но тоа беше само беспотребно губење време и пари. Едноставно ништо не помогна. Болката се намали, но повторно се врати. Велат дека нејзините проблеми со кичмата, се последица на стоењето. Таа целиот свој живот стоеше на штикли. Па ако на тоа се додаде и скокањето на сцена, играњето… Северина на е единствената која се занимава со оваа работа, а да има проблем со кичмата. Целото време таа работи вежби кои и ги препорачаа физичарите. Внимава на држењето, но болките не исчезнаа. Операцијата станува сè поизвесна, но Северина многу се плаши. Свесна е дека постои опасност од компликации, последици, па дури и да остане инвалид. Затоа ги трпи болките. Кога ќе почнат силни болки, таа или ќе земе некои лекови, или ќе прими инекција. Очигледно, додека не заврши на кревет, нема да се согласи да оди под нож. Се разбира тука е и стравот дека опоравувањето може да трае долго време. Се плаши дека долго време нема да смее да работи, да биде активна, затоа што таа од тоа живее. А сега не е време кога може да си го дозволи тој луксуз, со месеци да лежи“, вели изворот.
Текстот Северина мора итно на операција е превземен од Reporter.mk.