Северина на прошетка во Босна и Херцеговина

По скандалот со порно-фотографиите, хрватската ѕвезда Северина повторно се огласи на социјалните мрежи. Пејачката објави фотографија од една нејзина прошетка во Босна и Херцеговина.

„Кад часовникот ќе заѕвони на кулата покрај Беговата џамија“, напишала Северина на објавата и додала „љубовта со љубов се враќа“, како и во секоја од нејзините објави во последната година.

Не се знае дали пејачката деновиве се наоѓа во Босна и Херцеговина или фотографијата е направена од претходно. Медиумите во Србија пишуваат дека Северина е во Белград, ама и таа информација не е потврдена.

 

Текстот Северина на прошетка во Босна и Херцеговина е превземен од Reporter.mk.