Хрватската пејачка Северина Којиќ се огласи по повод Меѓународниот ден на жената, нагласувајќи дека успешните жени не треба да работат ништо. Пејачката не зборува често за својот приватен живот, но по 8 Март, таа призна дека сопругот Игор Којиќ ја изненадува секојдневно, а не само за празниците.
„Мислам дека ние успешните жени не би требало да работиме ништо. Секоја успешна жена треба да има мир, да се негува. Ништо од кариерата нема да направиме, ако себе си постојано си даваме задачи. Ни треба само мир и негување“, изјавила Северина во емисијата „Премиера викенд специјал“.
По ваквата нејзина изјава голем број од нејзините обожаватели коментираа, прашувајќи се дали пејачката најавува крај на музичката кариера.
Текстот Северина: Ние успешните жени не треба да работиме ништо е превземен од Reporter.mk.