Северина објави селфи со кумата

По скандалот со голите фотографии, Северина повторно го враќа семејниот и животот со пријателите во нормала. Пејачката на социјалните мрежи постојано објавува пораки од нејзините најмили.

Во низата последни фотографии, Северина сега направи заедничко селфи со нејзината пријателка и кума Андреја Чермак. Андреја беше кума на венчавката на Северина со Игор и обратно.

Двете објавија заедничко селфи на кои напишале краток коментар:

„Една покрај друга или милиони години далеку, засекогаш поврзани и со срцето и душата“.

Северина и Андреја се пријателки повеќе од две децении, а Северина одлучила преку Инстаграм да покаже колку и е важно пријателството.

 

 

Текстот Северина објави селфи со кумата е превземен од Reporter.mk.