Северина осудена за семејно насилство

Судот во Загреб ја осуди Северина за семејно насилство, наведувајќи дека е осудена зашто му испраќала закани и психички го малтретирала српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого го има синот Александар.

„Северина е обвинета за семејно насилство поради испраќање заканувачки пораки на е-пошта на Милан, во кои го споредува со Адолф Хитлер и во кои вели дека Хитлер барем некој го сакал. Таа во пораките пишува дека ќе му ги искрши коските, а дека таквите како него го силуваат во затвор“, рекол извор близок до бизнисменот за медиумите.

Милан во јуни ја пријави Северина во Центарот за социјална работа во Загреб. Во пријавата стои дека пејачката го омаловажува, навредува и нарекува со погрдни и навредливи имиња. Судењето се одржа пред два дена во општинскиот прекршочен суд во Загреб, а откако судот ја осуди Северина за психичко насилство, таа сега ќе треба да ги плати трошоците за прекршочната постапка во висина од 3.000 куни, односно околу 380 евра. Ако не плати во рок од 30 дена, трошоците ќе бидат присилно наплатени.

За потсетување, Северина неодамна ги обвини учителките на нејзиниот син дека го заклучиле и физички го злоупотребувале, а дека за тоа е виновен Милан Поповиќ, кој е донатор на училиштето и близок пријател на градоначалникот на Загреб.

Учителките го заклучиле, па физички го злоставувале синот на Северина

Текстот Северина осудена за семејно насилство е превземен од Reporter.mk.