Откако е објавена последната серија на голи фотографии на Северина, таа се повлече од јавноста, а единствена изјава даде нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ, кој и овојпат како и претходно вината за објавување на фотографиите ја фрли кај поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ.
Меѓутоа во јавноста веќе не се шпекулира толку како фотографиите се објавени, туку сега сите се прашуваат од каде потребата на Северина да се фотографира во вакви пози. Психотерапевтот Зоран Миливојевиќ за Блиц објаснува од каде потребата познатите да се фотографираат разголени.
„Северина не е обична личност туку е јавна, која на јавноста и стана позната поради убавината и пеењето. Токму тие две работи се клучни. Фотографирањето на телото е всушност документ како некој изгледал во одреден момент. За жал убавината на телото со време се губи, минува низ разни фази на стареење и луѓето имаат желба да го овековечат тој период. Во иста смисла луѓето сакаат да се фотографираат голи приватно. Истовремено тие фотографии имаат некоја еротска функција кога сликањето е пред партнерот. Ова може да се поврзе и со нарцисоидноста. Луѓето вложуваат во своето тело и ако мислат дека телото им е најголем адут, тогаш се фотографираат, фасцинирани од својата убавина, со што ја задоволуваат таа своја потреба, вели психотерапевтот.
Текстот Северина пати од нарцисоидност, па се слика гола е превземен од Reporter.mk.