На „Фејсбук“ профилот на кафичот кој стои зад организацијата на концертот, објавено е соопштение во кое се наведува дека организаторите се непријатно изненадени од објавата на Северина и дека тие немаат никаква врска со откажувањето на концертот.
„Со искрено жалење приморани сме да ве известиме дека концертот на Северина, кој беше договорен за 13.04.2019 година, пред трговскиот центар Roses Outlet нема да се одржи. Исто така сакаме да ве известиме дека сме непријатно изненадени со објавата на изведувачот на неговата официјална службена Фејсбук страна, каде причините за откажувањето на концертот ги гледа во наводните проблеми со организаторите кои го договарале концертот, иако не е така“, е наведено во соопштението.
„Не сакаме да шпекулираме за причните на едностраното откажување на концертот, но не можеме, а да не приметиме дека причините најверојатно лежат во нарушените деловни односи со овластениот застапник на изведувачот и самиот изведувач. Ова е нешто за кое во повеќе наврати се пишуваше во медиумите, а се случи откако беше направен договор со организаторите. На сите кои купиле влезници, парите ќе им бидат вратени на продажните места. Иако не се чувствуваме одговорни поради неодржувањето на концертот, искрено се извинуваме на сите кои имаа намера да дојдат на концертот“, напишале организаторите.
„Јас не би ја ни викал повеќе Северина“, „Јас за концерт на Северина не би земала ни карта на подарок“, „Два пати ги откажува концертите, многу несериозно“, биле само дел од коментарите под објавата на организаторите.
За потсетување, Северина ја прекина соработката со нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ по 17 години меѓусебна соработка. Него го замени сопругот на пејачката Игор Којиќ.
Текстот Северина сама е виновна за откажаниот концерт, тврдат организаторите е превземен од Reporter.mk.