Северина само два дена ќе го гледа синот, а Милан тајно му извадил српски пасош

Пејачката Северина Којиќ  ќе може да го гледа синот Александар само два дена во неделата и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер. Ова беше денешната пресуда на судијката Теа Голуб, во Загреб, која одлучи привремено да ѝ се одземе старателството над синот на хрватската пејачка , и да му го додели на  таткото на Александар, Милан Поповиќ.

Северина денеска го изгуби судскиот спор со нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, а нејзините адвокати најавија дека ќе ја оспорат ваквата одлука и ќе поднесат казнена пријава против српскиот бизнисмен за кршење на правата на Александар.

„Јутарниј лист“ пишува дека Милан тајно извадил српски пасош на Александар. Северина тврди дека тој тоа го направил без нејзина согласност и веќе е започната истрага да се открие под кои околности Александар кој е државјанин на Хрватска, му била издадена патна исправа од Србија.

Хрватските медиуми објавија и дека наводно Милан треба да и исплаќа на Северина алиментација од 230 евра, а досега и плаќал 2.000 илјади евра.  Причината за тоа е што таа сега веќе нема да биде секојдневно со Александар.

Адвокатот на Северина Мате Матиќ, поднел прекршочна казнена пријава против Милан по инцидентот кој неодамна се случи во Основното школо „Матија Губец“, каде Александар учел.

Детето било затворено во школо, затоа што Северина не стигнала да го земе, а Милан не дозволил некој друг да го земе. Северина вели дека Александар бил трауматизиран и дека по препорака на лекар и било советувано детето повеќе да не го носи во школо.

Од правниот тим на Поповиќ велат дека се задоволни од денешната одлука.

„Задоволни сме од пресудата, иако се’ уште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе се придржува кон привремените мерки“, изјавил за 24сата.хр адвокатот на Поповиќ.

Северина го изгуби старателството над синот

 

Текстот Северина само два дена ќе го гледа синот, а Милан тајно му извадил српски пасош е превземен од Reporter.mk.