Хрватската пејачка Северина вечерва е запрена од страна на полицијата на улицата „Партизански авијации“ во Белград, пренесуваат повеќе српски медиуми.
Околу 21.20 часот на улицата „Партизански авијации“ полицијата ја запрела Северина Којиќ, државјанка на Хрватска, без дозвола за движење во време на полициски час.
Пејачката била запрена во возило BMW со загребски регистарски таблички.
Според овие информации, Северина веднаш била однесена во полициската станица во Нов Белград на понатамошни испитувања.
Текстот Северина уапсена во Белград е превземен од Reporter.mk.