Хрватската пејачка Северина го тргна презимето Којиќ на нејзиниот инстаграм-профил. Таа го избриша презимето кое го носеше од нејзиниот сопруг, синот на Ќеба, Игор Којиќ.
Засега пејачката се нема огласено за причината поради која го отстранила презимето на сопругот од социјалните мрежи. Медиумите пренесуваат дека Северина и Игор се во добри односи и дека отстранувањето на презимето е само дел од нејзиниот имиџ.
Северина ја следат милион и двеста илјади фанови на „Инстаграм“, а таа само го следи сопругот Игор. Не го следи ниту Драган Којиќ Кеба, со кого често објавува заеднички фотографии.
Таа во неколку наврати посочи дека има добар однос со Кеба и неговата сопруга Олја. Пејачката во Белград неодамна позираше со нив, а фотографиите ги објави на социјалните мрежи.
„Олја и Драган се најдобрите свекор и свекрва на светот. Денес нè носеа на ручек кај Мајк. Моето семејство во светот на неизвесноста, љубовта и поддршката. Прекрасно е што ги имам“, напишала Северина на социјалните мрежи.
На почетокот на февруари Северина и Игор беа во посета на Риека, на отворањето на проектот на Европската престолнина на културата.
„Навистина сум среќна што бев поканета. Ова место ми остави многу убави спомени“, изјави Северина.
Текстот Северина веќе не е Којиќ на „Инстаграм“ е превземен од Reporter.mk.