Северина влегува во „Ѕвездите на Гранд“

Директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ планира во новата сезона,која почнува во септември да вклучи жири од регионот. Првото име за кое на големо се зборува е Северина Којиќ. Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша, која повеќепати ја исмеваше Северина за снимките и фотографиите што се појавија во јавноста, веќе е во жирито, така што се претпоставува дека заедничкиот настап на двете атрактивни пејачки би било одлично за гледаното шоу.

Наводно Саша Поповиќ на Северина ѝ понудил 100.000 евра да стане дел од шоуто , но и да  ѝ одговори на Јелена така што ќе ја спомне нејзината афера со фудбалерот Врањеш.

 

 

Текстот Северина влегува во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.