Северниот пол не е на север, а Земјата е во голема опасност, стравуваат научниците

Северниот пол повеќе не се наоѓа на позицијата на која бил претходно, тврди научникот Вилијам Браун. Браун смета дека повеќе никој не може прецизно да покаже на каде се наоѓа Северниот пол, дури и ако има во рацете компас. Ако сте во Калифорнија, иглата на компасот може да погреши за цели 18 степени, тврди Браун.

„Морате да ги земете во предвид овие работи, ако планирате да планинарите. Тоа може да биде разликата меѓу одењето на лево или продолжувањето право“, вели Браун.

Не е проблем само тоа што компасот може да му попречи локалната неправилност во магнетното поле. Самиот Северен пол не се наоѓа на местото каде порано бил.

Во 1900 година се наоѓал во Канада. Подоцна бил во близина на Гренланд. Во изминатите 18 години се движел кон исток. Патувал 40 километри годишно, а во моментов се движи кон Сибир.

Сепак чудното однесување на Земјеното магнетно поле тука не завршува. Тоа повремено целосно го извртува својот поларитет. На момент во историјата, нашата планета била во позиција кога иглата на компасот го покажувала она што ние денес го нарекуваме Јужен пол.

Дури и денес има места на кои компасот покажува во погрешна насока. Оваа мистерија има сериозни импликации за технологијата и иднината на нашата планета. Разликата меѓу надворешното и внатрешното јадро предизвикува течноста непрекинато да тече во таканаречени конвекциски струи.

Жешкото течно железо се издига кон студената површина на јадрото, потоа се лади, станува густо и повторно се спушта во длабочините. Металот е преполн со електрони па за време на електричниот набој, индукцијата создава магнетно поле.

Кога движењето би зависело само од конвекцијата, Земјеното магнетно поле би попримило релативно едноставен облик. Но, ротацијата на планетата ја турка течноста во друга насока, која зависи од тоа во кое подрачје на планетата течноста се наоѓа.

Кога сето тоа ќе се земе во предвид, може да се чини за изненадување тоа што магнетниот северен пол не се поместува повеќе од тоа што се случува во реалноста. Работата е во тоа што протекот на течен метал се одвива забавено.

„Кога ќе кажеме дека протокот е турбулентен, мислиме на роковите од неколку десетина илјади години“, вели Гери Глацмајер од Универзитетот Калифорнија во Санта Круз.

„Северниот пол веќе 18 години патува кон исток и во моментов се движи кон Сибир“, објаснува Браун.

Движењето на половите може да се објасни и преку забавена турбуленција. Но, тоа што следно ќе се случи е тешко да се предвиди. Дали северниот магнетен пол ќе продолжи да се движи и колку далеку може да продолжи? Дали е возможно да се наоѓа на праг на целосно свртување? Тоа е прашање кое е важно да се постави, смета Браун.

Еден од начините да се предвиди иднината на магнетното поле е да се истражи неговото минато. Кога магнетната карпа, како што е фелдспат, ќе се загрее, а потоа повторно ќе се олади, внатрешните кристали не остануваат усогласени со преовладувачките магнетни полиња во периодот кога сегментот бил стопен.

Магнетното поле на Земјата низ историјата постојано слабеело и се зацврстувалo. Сепак научниците не можат да се ослонат само на мерењата од минатото, туку мораат да пронајдат начин да предвидат што би можело да се случи во иднина.

Но, никој нема компјутерска сила доволно за реалистично моделирање на магнетното поле. Научниците се надеваат дека повеќе би можеле да дознаат во новиот и подобар проект кој во моментов е во изградба во Дрезден.

Истражувачите од лабораторијата Helmholc-Zentrum Drezden-Rozendorf, пресметале дека ротирањето на натриумот на двете оски, би требало спонтано да го вклучат полето. Нивните пресметки исто така ја симулирале ситуацијата во која Земјината оска отстапува за 23,5 степени.

Практичната примена на оваа идеја вклучува цилиндар наполнет со осум тони течен натриум. Тој ќе ротира 10 пати во секунда околу главната оска и еднаш во секуда на помала поместена оска. Безбедноста ни е приоритет, велат истражувачите.

„Имаме зграда направена исклучиво за ваков експеримент. Постои и друга зграда внатре, која е направена за безбедноста на луѓето. За време на експериментот, не планираме во зградата да има луѓе“, вели Андре Гиесек од HZDR.

 

Текстот Северниот пол не е на север, а Земјата е во голема опасност, стравуваат научниците е превземен од Reporter.mk.