Шабан починал од лековите за смирување, пејачот немал повреди на телото

За германското обвинителство и целата јавност, засега останува мистерија за причината поради која настанала смртта на српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ. Од германското обвинителство наредиле детално да се истражат причините како настапила смртта на фолк пејачот.

Според законите во оваа земја, овој случај ќе се третира како правен случај и како таков потребно е да се посвети целосна внимателност на секој детал, велат од обвинителството. Она што им е нејасно се причините поради кој Шабан го загубил животот, земајќи во предвид дека пејачот немал видливи повреди на своето тело.

 

Според првичното стручно мислење на лекарите специјалисти кои биле на прием кога Шабан бил донесен во билницата во Билефелд, Шабан починал од последица на пукање на срцевата аорта.

„Обвинителот ваквото мислење го уважил, но му останале нејасни некои работи, па наредил да се направи обдукција на телото на пејачот, за да се утврдат причинте како настанала смртта. Се споменува дека Шабан непосредно по пристигнувањето на итната помош добил инекција за смирување, како и дека тоа можело да ја предизвика смртната реакција, односно пукањето на аортата. Тоа се разбира никој не може да го потврди ниту да го коментира. За да нема доумица и нејаснотии, обвинителот ја донел наредбата да се направи обудкција со помош на која ќе се утврди што е вбризгувано во телото на Шабан, како и дали таа супстанца влијаела на смртниот исход“, вели извор близок до истрагата.

За овој важен детал говорел и Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Србија, кој поради својата функција е упатен во случајот со несреќата на Шабан. Тој во емисијата кај Миломир Мариќ на „ТВ Хепи“, изјавил дека не му е јасно зошто се чека со обудкцијата да се направи во четврток.

„Шабан од кола излегол без повреди. Стоел на нозе, но и во таа ситуација бил во тешка состојба па морало да се направат некои интервенции. Бил во лоша состојба, но бил свесен. Кога пристигнал во болница, лекарите го отвориле и сватиле дека дошло до компликации и пукање на срцевата аорта. Немало извршена операција. Докторите се обиделе да го реанимираат, но без резултати. Обвинителот сака до крај да утврди што се случило за да нема несогласувања во приказните. Шабан наводно добил некои средства за смирување или успивање. Тоа е нешто што треба да се истражи, но не знам која е потребата да се чека до четврток? Тука станува збор за смрт на двајца луѓе. Немало сведоци. Ввозачот, Шабан и неговиот кум биле единствениоте кои биле однесени во три различни болници. Зошто да се чека со обдукцијата дури до четврток? Телото е под надлежност на обвинителот. Јас го прашав Вучиќ и тој ми даде одобрение со авион на Владата на Србија, телото на Шабан биде пренесено во Белград“, изјавил Дачиќ за српските медиуми.

 

Текстот Шабан починал од лековите за смирување, пејачот немал повреди на телото е превземен од Reporter.mk.