Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ три недели пред трагичната несреќа напишал тестамен во кој целото свое богатство вредно милиони евра го оставил на неговата сопруга, деца и внуци.
Извор близок до семејството вели дека пејачот во последните неколку недели бил многу нервозен и како да претчуствувал дека нешто ќе му се случи.
„Едно утро Шабан се разбудил и ја замолил сопругата Гоца да се јави на семејниот адвокат. Пејачот му објаснил на адвокатот дека не се чувствува најдобро и дека сака да остави тестамент. Сопругата на почетокот сметала дека тој претерува и дека имало многу време за таква работа. Но Шабан бил упорен“, вели извор за српските медиуми.
Тестаментот бил напишан во домот на пејачот во присуство на неговата сопруга. Вилата ја оставил на сопругата, куќата во Крчедин ја оставил на внуците, додека трите стана во Белград ги распоредил на трите деца.
Изворот објаснува дека вилата на Дедиње и куќата во Крчедин не можеле да бидат продадени, додека со становите семејството може да прави што сака. Шабан ѝ дал целосна дозвола на Гоца да управува со неговата заштеда“, тврди изворот.
Текстот Шабан пред три месеци направил тестамент, богатството кај сопругата и децата е превземен од Reporter.mk.