Светската пејачка Шакира во интервју за „Гардијан“ откри дека во минатото имала големи здравствени проблеми, поради кои можела да остане без гласот. Таа објаснила дека одреден период морала да се повлече од јавноста, поради големите проблеми со гласните жици. Поради крварењето, таа имала проблем и да говори.
„Секогаш бев свесна дека некои работи ќе ги изгубам во животот, како на пример убавината, младоста, но никогаш не помислив дека мојот глас ќе ме напушти. Мојот глас е мојот идентитет. За мене беше неподносливо да не пејам. Таквата состојба ме доведе до депресија. Имаше денови кога не можев да станам од кревет“, изјавила Шакира.
Колумбиската пејачка со сопругот Пике и синовите Милан и Саша живее во барселона. Таа не крие дека болеста и депресијата влијаела на нејзиниот семеен живот.
„Имаше период кога во јавноста се зборуваше дека ќе се разведеме со Пике. На крајот се виде дека ваквите гласини се неточни. Заедно успеавме да се издигнеме од пепелта и со силна љубов и амбиција да продолжиме во животот. Јас продолжив да ги негувам гласните жици, но одбив алтернативни методи на лечење“, изјавила Шакира.
Дека со пејачката сега се е во најдобар ред покажува и фактот што таа наредната година во февруари, заедно со Џеј Ло ќе биде главната ѕвезда на полувремето на „Супер Боул“.
Текстот Шакира можела да го изгуби гласот е превземен од Reporter.mk.