Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон во интервју за Entertainment Tonight откри дека скоро една деценија нема дечно и дека сака да ѝ се случи нова, вистинска љубов. Таа во интервјуто рекла дека останала сама оти очекувала мажите први да ѝ пријдат. Таа открила и дека многумина или не сакале да направат прв чкор или се плашеле да ја поканат на состанок.
„Веќе десет години сум сама. Некој треба да се осмели и да ми пријде. Шокантно е колку сум достапна“, рекла 43-годишната Шарлиз во интервјуто.
Иако вели дека одамна нема маж во нејзиниот живот, актерката кратко време се забавуваше со Шон Пен, а таа врска ја раскина во 2015 година. Претходно Терон се забавуваше со актерот Стјуарт Таунсенд, а со него раскина во 2010 година. Неодамна светските медиуми пишуваа дека е во љубов со Бред Пит, но двајцата актери негираа дека се заедно.
Текстот Шарлиз Терон десет години нема дечко е превземен од Reporter.mk.