Шефот на службата за јавно здравје во САД Џером Адамс, ја повика Кајли Џенер да помогне во борбата со коронавирусот и да биде пример за младите останат во карантин.
Во екот на пандемијата на коронавирусот, луѓето се загрижени за своето здравје, а иако лекарите и налдежните институции ги повикуваат луѓето да се чуваат себе и своите блиски, младите во голем број тоа не го почитуваат.
На нив изолацијата и дистанцата од друштвото е нешто кое што тешко им паѓа. Тоа го забележал и шефот на службата за јавно здравје во САД, Џером Адамс, кој во емисијата „Добро утро Америка“, ги повика сите инфлуенсери, а особено Кајли Џенер да помогнат да ги запознаат младите за сериозноста од ситуацијата.
Кајли во моментов на својот „Инстаграм“ профил има 166 милиони обожаватели и преку него може да ја подигне свеста на едно повисоко ниво.
„Особено е тешко со деца од 14 и 15 години. Што да им кажам, тие не се придржуваат до тоа“, изјавил Џером.
Тој додаде дека младите генерации го игнорираат карантинот, а не се свесни дека и на нив им се заканува опасност од зараза на коронавирус кој може да се пренесе и на оние најранливите.
Текстот Шефот на службата за јавно здравје во САД ја повика Кајли Џенер да ја контролира младината е превземен од Reporter.mk.