Катарскиот шеик Хамад бин Калифа Ал Тани со семејството крстари по Јадранското море, уживајќи во луксузот кој им го пружа 125-метарската јахта „Катар“ која е изградена во 2010 година.
„Катар“ моментално е 14-та по големина јахта на светот. Откако се вкотвија недалеку од Лумбарда, на Корчула, многубројното катарско семејство одлучи да се освежи во една локална гостилница.
Бројното обезбедување, лусузните автомобили и џамбо јахтата со хеликоптер го привлекоа вниманието на локалното население и туристите. Семејството на шеикот со себе си носеше и приватен фотограф кој го овековечуваше секој миг од нивниот одмор.
Текстот Шеикот од Катар, Ал Тани на одмор во Хрватска е превземен од Reporter.mk.